Шкендија потврди: Бејтулаи се врати дома

Егзон Бејтулаи и официјално се врати назад во Шкендија потпишувајќи тригодишен договор со тетовскиот прволигаш. Тетовските „црвено-црни“ се пофалија со репрезентативното засилување, кој доаѓа назад во клубот само половина година откако си замина од Шкендија и се пресели во шведскиот прволигаш Хелсинборг.

Информацијата дека се договорени сите детали за камбекот на 26-годишниот дефанзивец назад во Шкендија денеска се официјализираа откако клубот на официјалната веб-страница потврди дека Бејтулаи повторно е член на тетовци.

„Знаев дека ќе се вратам еден ден, но не очекував дека тоа ќе се случи толку брзо. Тетово и Шкендија се мојот дом и возбуден сум што повторно ќе го носам црвено-црниот дрес“, изјави Бејтулаи по потписот на договорот.

Се вчитува...