Шкендија потврди: Без Радески на двата меча против Шериф Тираспол

Шкендија официјално потврди дека тимот ќе биде без Марјан Радески и за двата натпревари против Шериф Тираспол во 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Радески заработи незгодна повреда во последните секунди од мечот против ТНС во Велс, па наредниве денови и дефинитивно ќе се знае тежината на повредата на крилниот офанзивец.

Шкендија на натпреварот против Шериф Тираспол ќе биде без Марјан Радески. По повредата во Велс, Радески сигурно нема да биде во комбинација за дуелите од второто коло во Лигата на шампионите. Во моментов нема точно индикации за сериозноста на повредата, а се подетално ќе биде познато во следните неколку дена кога треба да помине и магнетната резонанца на десното колено на напаѓачот“ – соопштија од Шкендија.

Првиот натпревар на Шкендија против Шериф Тираспол во Скопје се игра на 24. јули од 20:15 часот на националната арена „Филип Втори“.

Се вчитува...