Шкендија пред нова тешка задача: Има ли сила за битка со „лавовите“!?

По лошиот старт на сезоната нова повеќе од тешка задача за Шкендија во желбата да дојде до првата победа.

По поразот од Ренова и ремијата со Тиквеш и со Брегалница во првите три кола од шампионатот, денеска во Тетово „црвено-црните“ ја пречекуваат Македонија ЃП со амбиција за три бода.

Јасно е дека составот на Бруно Акраповиќ ќе треба добро да се намачи доколку сака триумф против „лавовите“ кои во претходното коло демонстрираа одлична игра со триумфот од 5-1 над Скопје.

„Очекуваме победа и три бода. Против Брегалница одигравме многу добар натпревар, но среќата не беше на наша страна. Сега верувам дека нема да ги повториме грешките од дефанзивата, ќе играме напаѓачки со отворен атак кон противничкиот гол и сигурен сум дека победата овој пат нема да ни избега“ – вели фудбалерот од средниот ред, Бруно Дита.

Надвор од комбинација за настап ќе биде Камер Ќака поради повреда, а сите останати фудбалери ќе бидат на располагање на Акраповиќ.

ПМФЛ – 4. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

Велес: БОРЕЦ – БРЕГАЛНИЦА

Скопје: СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (20 ч.)

Се вчитува...