Не постојат никакви дилеми дека тетовска Шкендија ќе го мине првото квалификациско коло од Лигата на конференции, откако на првиот натпревар демонстрираше сила, и победи на гостувањето во Гибралтар кај Европа со убедливи 0-5.
Откако на стартот имаше мали проблеми, тетовскиот тим се „распука“ во продолжението од мечот, и со пет голови во мрежата на домаќинот, веќе може да размислува за следната фаза.
Ндзенге во 28. минута го отвори резултатот по една прекрасна акција, и тоа беше резултат по првиот дел.
Тамба потоа ја презеде улогата на главен играч, и најпрво во 52. минута зголеми на 0-2, а во 75. минута и на 0-3 по огромни грешки на одбраната на Европа.
Криезиу во 83. минута постигна четврти гол за Шкендија, а потоа и Бесарт Ибраими се запиша во листата на стрелците на две минути пред крајот за убедливи 0-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
