Тетовска Шкендија, која ја имаше улогата на носител, во ждрепката за квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, го доби денеска и противникот за 2. квалификациско коло.
Ако Шкендија го мине првиот ривал во Конференциската лига, екипата на Европа од Гибралтар, тогаш во 2. квалификациско коло од Конференциската лига ќе се соочи со словенечката екипа Браво.
Кратовски Силекс, пак, како што е познато во првото коло од Конференциската лига низ квалификациите ќе игра против Динамо Минск од Белорусија. Ако ја минат таа пречка кратовци во 2. коло ќе играат против азербејџански Нефчи.
Првите средби од првото коло во Конференциската лига ќе се одиграат на 9 јули, а реванш-натпреварите се закажани за 16 јули.
ЖДРЕПКА И ЗА ВАРДАР АКО Е ЕЛИМИНИРАН ОД ФИНСКИ КУПС
Ако, Вардар загуби од Купс во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите, тогаш оди во 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА каде, според денешната ждрепка, ќе се соочи со поразениот од двомечот меѓу Арарат од Ерменија и Рига од Летонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
