Шкендија против „лавовите“, Струга ТЛ со Силекс во полуфиналето на Купот на Македонија

Шкендија ќе игра против Македонија ЃП, а лидерот во шампионатот Струга ТЛ против Силекс во полуфиналето на Купот на Македонија, одлучи денешната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Шкендија и Струга ТЛ ја носат фаворитската улога во пресметките, пред се и поради предноста на домашен терен, но јасно е дека ќе следат две тешки битки за финалето во Купот.

Полуфиналето ќе се игра во еден натпревар. Двата дуели се закажани за 5. април.

Се вчитува...