Шкендија против Розенборг во битка за групната фаза од Лигата на Европа

Шкендија, како и што се очекуваше, ќе игра против норвешки Розенборг во плеј-оф рундата од квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.

Розенборг и на реванш дуелот од 3. квалификациско коло славеше со 3-0 против ирски Корк сити па со вкупен резултат од двата натпревари од 5-0 на убедлив начин си обезбеди пресметка со македонскиот шампион.

Првиот натпревар меѓу двата тима ќе се игра на 23. август но терминот ќе биде прецизно дополнително определен.

Се вчитува...