Шкендија ремизираше со унгарски Сиофок на првиот тест во Анталија (ВИДЕО)

Шкендија ремизираше со унгарски Сиофок на првиот тест од подготовките во Анталија.

Тетовци на првата подготвителна средба во Турција, одиграа без победник (2-2) со унгарскиот тим. Шкендија прва поведа во 29. минута со голот на Мерџани.

Но, противникот со головите во 44. минута и во 47. минута успеа да дојде до пресврт за да во 75. минута со голот на Елези македонскиот тим израмни за конечни 2-2.

Шкендија натпреварот го почна во следниот состав: Захов, Рамадани, Незири, Кривак, Тимовски, Дита, Мерџани, Менсалао, Нафиу, Гури и Дориев.

Се вчитува...