Шкендија рутински го искачи Кожуф за осминафинале во Купот

Актуелниот освојувач на двојната круна, тимот на Шкендија, рутински се пласира во осминафиналето на Купот на Македонија. Тимот на Ќатип Османи покажа дека е поквалитетен од Кожуф и уште во првиот дел постигна два гола со кои го реши победникот.

Бесарт Ибраими во 13.минута го отвори резултатот, а вториот погодок беше дело на Омар Имери во 28.минута. Во второто полувреме, Шкендија рутински го приведе мечот до крај.

Се вчитува...