Најдобриот напаѓач на Шкендија на сите времиња, Бесарт Ибраими и најдобриот стрелец во историјата на Првата македонска фудбалска лига ќе го напушти тимот од Тетово. Клубот и Ибраими донесоа одлука да се разделата на „џентлеменски начин“.
Тој сезонава ќе биде дел од грчкиот Ксанти. Ибраими во Шкендија дојде во 2015 година период во кој успеа да постигне неверојатни 147 гола.
„Ти благодариме за се што направи за клубот, Бесарт. Ти благодариме за сите убави моменти кои ги имаше во „црвено-црниот“ дрес. Ти посакуваме многу среќа во понатамошниот дел од кариерата“, стои во соопштението на Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА