Шкендија се раздели со тренерот Ернест Ѓока

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија се раздели со тренерот Ернест Ѓока. По разговор меѓу двете страни одлучено е со заеднички договор да дојда до разделба меѓу Шкендија и Ѓока бидејќи е во интерес на двете страни.

„Шкендија им се заблагодарува на Ернест Ѓока и неговиот помошник Фатјон Тафај за се што дадоа изминатиот период за клубот и за титулата што ја освоија во домашниот шампионат во сезоната 2020/2021. „Црвено-црната“ фамилија му посакува здравје и среќа во иднина“, стои во соопштението од Шкендија. 

Во следните денови ќе биде претставено името на новиот тренер на тетовци.

Се вчитува...