Шкендија се засили со камерунски интернационалец

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија се засили со камерунскиот интернационалец Џеси Гера Џоу. Тој со клубот од Тетово потпиша едногодишен договор со можност на негово продолжување на уште една година.

„Среќен сум што потпишав за Шкендија и одвај чекам да почнам да играм. Знам дека Шкендија е најквалитетен тим во Македонија и знам дека нивните амбиции секогаш се највисоки, но јас сум подготвен да го дадам најдоброто од себе и на одличен начин да се претставам пред публиката во Тетово“, изјави Џоу. 

Тој во Шкендија доаѓа од редовите на хрватскиот Вараждин, а во кариерата има играно и за вториот тим на Монако, како и за молдавските Шериф Тираспол и Петрокуб.

 

Се вчитува...