Шкендија го дозна противникот и за Лига Европа, ако доживее елиминација од ТНС

По двете претходни ждрепки за првите две квалификациски кола за Лигата на шампионите, во Нион попладнево реализирана и ждрепката за 2. квалификациско коло за Лигата на Европа за елиминираните тимови од првата квалификациска рунда од ЛШ.

Па, Шкендија го дозна можниот противник и за 2. квалификациско коло во Лига Европа, во случај на стартот од натпреварувањето во Лигата на шампионите да доживее елиминација од велшкиот шампион Њу Сентс (ТНС).

Шкендија во 2. квалификациско коло за Лига Европа би се соочила со поразениот финалист од прелиминарната рунда од претквалификациите за ЛШ. Што значи ќе добие една од следните четири екипи кои ќе играат (низ полуфинале и финале) во прелиминарната рунда за ЛШ: Санта Колома (Андора), Линколн (Гибралтар), Ла Фиорита (Сан Марино) или Дрита (Косово).

Првите натпревари од ова 2. квалификациско коло за Лига Европа (пат на шампионите) ќе се играат на 26. јули, а реваншите се на 2. август. Победниците потоа продолжуваат во 3. квалификациско коло за ЛЕ.

Како што е познато, најпрво Шкендија во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите игра против Њу Сентс на 10./11. јули односно на 17./18. јули.

Се вчитува...