Шкендија со Акраповиќ со старо-нов почеток, Бејтулаи верува дека со триумф над Тиквеш ќе се заборави Европа

Шкендија под палката на Бруно Акраповиќ, кој се врати на кормилото на клубот, со првиот натпревар од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига означува еден вид „старо-нов“ почеток.

Акраповиќ е добро познато лице за тетовци кое може повторно да ги врати позитивните ветришта во клубот.

Капитенот Егзон Бејтулаи, пак, верува дека токму со позитивен старт на сезоната и победа во првото коло на гостувањето против Тиквеш ќе се заборават негативните настапи на европската сцена ова лето.

„И покрај тоа што во Европа немавме посакувани резултати и природно е да се разочараме, сепак мислам дека сезоната започнува навреме за нас во однос на достигнување на натпреварувачката форма. Нова сезона е и влегуваме со стари амбиции, нас не интересира само титулата. Работевме со новиот тренер Акраповиќ оваа недела посебно за почетокот на сезоната. Тиквеш се враќа по многу години во елитата, тие се мотивирани и со тоа што ќе играат против шампионот, па сигурно ќе биде тежок дуел. Знаеме дека ќе имаме тешка задача, но верувам во позитивен резултат бидејќи навистина сме подобар тим. Секако сето тоа треба да го покажеме на терен“ – вели Бејтулаи.

ПМФЛ – 1. КОЛО (денеска, 17:30 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ
Прилеп: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ
Тетово: РЕНОВА – СКОПЈЕ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
Струмица: АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ (20 ч.)

Се вчитува...