Шкендија со една мисла – Хиберниан мора да падне во Скопје!

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе го пречека шкотски Хиберниан во натпревар од 3. коло во Конференциската лига на УЕФА.

Тренерот Артим Положани е оптимист дека Шкендија може да ја претвори негативата од еден гол во конечен триумф во двомечот со Хибернијан, со што македонскиот вицепрвак би се пласирал во плејофот за влез во Конференциската лига на УЕФА.

„Oва беше исклучително тешка седмица за нас. Имавме тежок натпревар во Шкотска, моравме да се вратиме во Скопје и да играме против Вардар. Среќни сме што победивме пред овој важен натпревар со Хибернијан, што секако ја крева самодовербата пред новиот европски предизвик. Нема сомнеж, сакаме да победиме и да одиме понатаму, во плејофот“, истакна тренерот Положани.

Се вчитува...