Шкендија продолжува со ангажман на квалитетни фудбалери со кои тетовци планираат да ја нападнат титулата и да се вратат на тронот на мак-фудбал, битка во која за главен ривал ќе го имаат актуелниот првак Вардар.
Тетовци вчера го комплетираа трансферот на напаѓачот Марко Ѓорѓиевски, а од денеска нов член на Шкендија е и македонскиот репрезентативец Јован Манев. Овој 25-годишен дефанзивец се враќа во мак-фудбалот по 2023 година, кога по добрите игри за Брегалница беше продаден во турскиот суперлигаш Аданаспор.
Потоа следеше и трансфер во хрватскиот клуб Ријека, од каде Манев беше испраќан на неколку позајмици, па така ланската сезона ја мина во српскиот суперлигаш Нови Пазар.
По истекот на договорот со Ријека нашиот интернационалец имаше неколку понуди во странство, но реши да се врати во Македонија и да потпише договор со Шкендијa, со важност до јуни 2028 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
