Шкендија има водство во Гибралтар над Европа по првите 45. минути во првото квалификациско коло од Лигата на Конференции.
Вицерпвакот веднаш се наметна и имаше две добри шанси, а потоа Европа возврати со една прилика. Шкендија потоа ја презеде целосно инцијативата, нападна и успеа да постигне гол.
Одлична акција на Шкендија во 28. минута, долга топка до Крстевски, кој со глава спушти до Ндзенгуе, кој стрелаше прецизно во горниот десен агол од голот на домаќиноте за предност на тетовската екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
