Шкендија со сеир за Милан: Ние сме најуспешни „росонери“

Лидерот во македонското првенство, Шкендија, упати зборови на поддршка до Милан по очајните игри и резултати на „росонерите“ во „Серија А“ оваа натпреварувачка сезона. Двата тима се сретнаа во нокаут фазата за влез во групите од Лигата на Европа, Милан очекувано триумфираше и отиде понатаму, но тетовскиот клуб со порака преку социјалните мрежи гласно им даде поддршка на „црвено-црните“ од Милано кои се соочуваат со сериозна криза. Воедно, тетовци не ја пропуштија можноста да стават до знаење дека нивните резултати сезонава се подобри од оние на Милан, препишувајќи ги со епитетот “најуспешни росонери“.

Контантно го следиме вашиот прогрес поради фактот дека пријателите не треба да се забораваат. Како што стојат работите, ние сме најуспешни „росонерите“ во фудбалот. Запамтете, формата е моментална, класата е вечна. Затоа, „форца“ пријатели“ – порачаа од Шкендија преку својот фејсбук профил.

Се вчитува...