Сосема очекувано, Шкендија е во 2. квалификациско коло од Лигата на Конференции, откако вчера на Националната Арена го победи тимот на Европа и на реваншот со минимални 1-0 со гол во финишот од средбата.
Тетовскиот тим не се ни испоти, го одигра овој меч колку да го одигра, со оглед дека имаше предност од пет гола после првиот меч во Гибралтар.
Мечот немаше возбудувања, на двата тима им беше јасно кој ќе оди во следната фаза, па затоа и немаше ниту многу шанси.
Се што беше важно се случи во вториот дел откако најпрво во 66. миунта Зејнулаи ја погоди пречката, а голот падна во 86. минута.
Крстевски по една солоакција влезе во шеснаесетникот и од десната страна со силен и прецизен удар погоди во долниот лев агол од голот на противникот, и така донесе триумф и на вториот меч од 1. квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Во второто коло Шкендија ќе игра против Браво од Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
