Шкендија тренираше во „поларни услови“ пред Вардар (фото)

Фудбалерите на Шкендија го одржаа и последниот тренинг во пресрет на големото дерби со Вардар, кое е неизвесно дали воопшто ќе се игра во текот на утрешниот ден. Причините се очигледни и од денешните фотографии, силниот снег што во текот на целиот ден паѓа во Тетово и што го прави теренот речиси невозможен за игра.

Тетовци најавиле дека ќе сторат се што е во нивна моќ за да го оспособат теренот за игра на големото дерби, а како што најавија од ФФМ, конечната одлука ќе ја донесе судијата Ставрев по консултациите со делегатот и со капитените на двете екипи.

Се вчитува...