Шкендија три недели без голманот Захов

Првиот голман на Шкендија, Костадин Захов поради повреда ќе биде надвор од фудбалските терени три недели, информираат од редовите на македонскиот шампион.

Захов се повреди на мечот против Академија Пандев во Струмица, а по деталните прегледи утврдено е дека има повреда на лигаментите на рамото поради што неизбежно ќе мора да паузира три недели.

Младиот голман Беким Реџепи е замената за Захов изминативе натпревари во шампионатот, а сосема извесно на голот ќе остане најверојатно и до крајот на сезоната. Шкендија е речиси пред одбрана на шампионската титула со 12 бода предност во однос на Вардар, на осум кола до крајот на првенството.

Се вчитува...