Шкендија трипати се спасуваше од пораз, пријателско реми против Зрињски

Прволигашот Шкендија го одигра и третиот подготвителен натпревар, а овојпат се задоволи со реми откако трипати се спасуваше тпротив Зрињски од БиХ за конечни 3-3.

Мостарскиот тим три пати водеше, а тетовци три пати го стигнуваа резултатот. На крајот реми на обострано задоволство. Во листата на стрелци за Шкендија се запишаа Буба Хасани изедначи на 1-1 во 42 минута. Во вториот дел „црвено-црните“ изедначија благодарение на автоголот на Мијатовиќ. Конечните 3-3 ги постави Садриу.

Претходно Шкендија играше реми со Ференцварош 1-1, а запиша победа против тимот над Марибор со 1-0.

Се вчитува...