Шкендија убедлива на контролата против полски Пјаст

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија одигра одличен контролен натпревар на подготовките во Анталија каде славеше над полскиот Пјаст со убедливи 1-4.

Предност за тетовци донесе Бејтулаи во 17. минута. На 2-0 зголеми Мерџани во 55. минута. Полјаците успеаја да намалат со голот на Реинер во 74. минута, додека триумфот за Шкендија го потврди Елези со двата гола во 79. и 84. минута.

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов кој во зимскиот преоден рок премина во Пјаст го одигра второто полувреме против Шкендија.

 

Се вчитува...