Шкендија верува во долго европско лето… Подготвени за ТНС (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Шкендија го одработија и последниот тренинг, вечерва на „Филип Втори“, пред утрешниот прв натпревар од почетното квалификациско коло за Лигата на шампионите против велшки ТНС.

Во максимално позитивно расположение избраниците на Ќатип Османи го одработија официјалниот тренинг уште еднаш најавувајќи жесток ангажман на теренот во желбата да се дојде до посакуваниот позитивен резултат пред реваншот за седум дена…

 

Се вчитува...