Шкода го претстави студенскиот концепт „Славија“ – динамична, емотивна, отворена (ФОТО)

Концептниот автомобил Slavia кој е дело на студентите од академијата на Škoda сега е претставен пред јавноста. Станува збор за седмиот концептен проект на студентите од прославената академија на Škoda и го носи името Slavia, а е базиран на моделот Scala која е направена во Spider верзија. На овој проект работеа 31 студент од познатата академија на чешкиот производител, а во себе ги поврзува минатото и сегашноста.

Škoda Slavia е своевидно одбележување на годишнината на чешкиот производител, а името е дадено во чест на првите велосипеди кои ги произведувале Вацлав Лаурин и Вацлав Клемент по основањето на компанијата во 1895 година. Оваа Spider варијанта на моделот Scala во себе ги комбинира возбудливите линии на современиот компактен модел со воспоставен дизајнерски стандард од најраните денови кога повеќето автомобили биле од отворен тип.

Од првиот нацрт за изработката на овој уникатен модел кој нема да добие сериска верзија е изработен целосно од страна на студентите, кои добија поддршка од своите инструктори и стручњаци од Škoda секторот за дизајн. Творците на седмиот студентски концептен автомобил самите го избраа моделот Škoda Scala за основа на создавање на овој автомобил од соништата, претворајќи го компактниот хечбек во спортски Spyder модел.

Автомобилот се напојува со 1.5 TSI бензинскиот мотор кој испорачува 150 КС, а моќноста се пренесува на двете осовини со седумстепениот DCT автоматски менувач. Инструменталната табла, виртуелниот кокпит и инфозабавниот систем остануваат непроменети во однос на производствениот модел на Škoda Scala.

Инаку, проектот е инспириран од спортскиот прототип на моделот Škoda 1100 OHC претставен во 1957 година, а станува збор за тркачки двосед кој го дизајнирала Škoda за рели трки.

Се вчитува...