Шкотска го совлада Кипар и тргна со победа во квалификациите

Селекцијата на Шкотска беше подобра од Кипар со 3-0 на стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2024 година. Во мечот одигран на „Хемпден Парк“, Шкотланѓаните бодрени од своите навивачи успеаја да тргнат со три бода во квалификацискиот циклус.

Првиот гол падна во 21. минута кога Робертсон од левата страна го проигра МекГин, кој само ја спроведе топката во голот.

На вториот гол и печат на победата се чекаше до 87. минута кога МекТомини на асистенција на Дајкс успеа да погоди во мрежата на Кипарците. МекТомини во судиското надоплнување постигна уште еден гол на додавање на Робертсон, и ги постави конечните 3-0.

Покрај овие две селекции, во групата се уште и Шпанија, Норвешка и Грузија, а вечерва Шпанија дома ја чека Норвешка, додека Грузија е слободна во првото коло.

Се вчитува...