Шкотските фанови со гест за почит – хуманитарни донации во Кочани и во Скопје

Голем дел од шкотските фанови денешниот ден го минуваат уживајќи во Скопје во пресрет на вечерашниот дуел на нивните миленици на Националната арена, но неколку од нив издвоија дел од времето во хуманитарни цели.

Имено, хумантарните организации Тартан Арми Саншајн Апел“ и „Тартан Арми Детска Добротворност“ (TACC) ја покажаа својата големина обезедувајќи донации за локални организации и заедници од Скопје и од Кочани, што беа доделени во текот на денешниот ден.

“Военото аташе потполковник Дениз Мекмахон со претставници на навивачите го посети теренот на ФК Фудбал Старс во Кочани. Поточно на игралиштето во Горни Подлог каде беше предадена донација тракторче за косење трева и спортска опрема“, информираат кочанските медиуми.

Се вчитува...