Шкупи добро се држи на „Ајброкс“: Марфи донесе водство од 1-0 за Глазгов Ренџерс (ВИДЕО)

Тимот на Шкупи има негатива од 1-0 по првото полувреме од дуелот со Глазгов Ренџерс на „Ајброкс“. Пред повеќе од 50.000 гледачи, на официјалното деби на Стивен Џерард, Глазгов Ренџерс поведе со голот на Џејми Марфи во 22.минута.

Тој се ослободи од двајца противнички фудбалери и со удар со левата нога го совлада Зендели. Голманот на Шкупи имаше уште неколку одлични интервенции во овој прв дел, а впечаток е дека засега Шкупи добро се држи на ова тешко гостување.

Се вчитува...