Македонскиот шампион Шкупи ги промовираше своите 11 засилувања за настапите во квалификациите за ЛШ и следната сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Чаирчани промовираа еден цел нов тим во кој се дефанзивците Мелос Бајрами, Ангелче Тимовски, Џелил Абдула, Марио Ричков, како и фудбалерите од средниот ред Благоја Спиркоски, Алекс Златков, Кристијан Ацковски и Фикрет Ливарека, а дополнети и со Реналдо Цефас, Пепи Ѓорѓиев и Антонио Каланоски во нападот.
Шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски има тим со кој и дефинитивно ќе се атакува за што подолго останување на европската сцена ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА