Шкупи го доби дербито со „лавовите“, продолжува очајното лето на Шкендија – пораз и од Ренова (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 2. КОЛО….

Скопје: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

Велес: БОРЕЦ – ТИКВЕШ (2-1)

Ѓорѓиев 52′, Манасиев 90’+3 – Вареловски 56′

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-2)

Дориев 67′ – Јусуфи 20′, Селмани 48′

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)

Фаустин 42′, Алварез 90’+4(п)

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

Скендери 60′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (20 ч.)

======================================================================================

  • Крај и на дуелот на „Железарница“. Брегалница ремизираше без голови на гостувањето против Скопје!
  • Струга ТЛ со голот на Емир Скендери славеше минимална победа од 1-0 против Пелистер.
  • Борец со гол во 93. минута дојде до триумф од 2-1 против Тиквеш на дуелот во Велес!
  • Крај и на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Шкупи славеше со 2-0 против Македонија ЃП во дерби пресметката на 2. коло.
  • Крај на натпреварот во Тетово. Продолжува очајното лето за Шкендија, пораз од 1-2 од Ренова!

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)

2-0 – 90’+4 – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Со голот од пенал на Алварез, Шкупи ја заокружува победата над Македонија ЃП!

БОРЕЦ – ТИКВЕШ (2-1)

2-1 – 90’+3 – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Со голот на Јосиф Манасиев Борец доаѓа до нова предност со кавадарчани!


СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

79′ – Одлична 100% шанса за Брегалница. Нововлезениот Георгиев во супер-позиција но од десеттина метри шутира во надворешниот дел од мрежата од голот на домашните

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (1-2)

1-2 – 67′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По нафрлувањето од левата страна, Љупче Дориев во гостинскиот шеснаесетник од десеттина метри погодува за 1-2


СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 60′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Одличен гол на Емир Скендери кој со глава погодува под дирекот од голот на Пелистер

БОРЕЦ – ТИКВЕШ (1-1)

1-1 – 56′ – ГОООООЛ ЗА ТИКВЕШ. Вареловски по само четири минути го израмнува резултатот.

БОРЕЦ – ТИКВЕШ (1-0)

1-0 – 52′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Капитенот Ѓорѓи Ѓорѓиев носи водство за велешани…

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (0-2)

0-2 – 48′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Прекрасна акција на гостите, Ремзифаик Селмани со удар со глава од 15 метри мајсторски го лобува домашниот голман.

  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 42′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Гол на Фаустин Сењор за водство на Шкупи против „лавовите“.

СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА (0-0)

30′ – Убава шанса за Скопје, откосо шутира Десниќ но Мојсов спасува на самата гол-линија

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА (0-1)

0-1 – 20′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Одличен брз напад на Ренова, а Фатјон Јусуфи со прекрасен лоб-удар од 16 метри носи водство за „гипсарите“.

  • Мирен почеток на прволигашките натпревари. Без погодок по 10 минути на петте дуели од 2. коло во ПМФЛ.

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 2. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Познати и составите за дербито на колото меѓу Шкупи и Македонија ЃП…

  • Составите за пресметката на Железарница меѓу Скопје и Брегалница…

======================================================================================

Во 2. коло од ПМФЛ, Шкендија и Шкупи, по почетните ремија, атакуваат на првите победи во трката за шампионската титула. 

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...