Шкупи ја „пресече“ Победа, Пелистер „живна“ со Силекс

Шкупи се врати на Чаир и ја совлада Победа со 3-1, во дуелот што разреши многу дилеми на табелата. Сега Шкупи продолжува да се надева и за излез на европска сцена, а Победа дефинитивно е заглавена во вртлогот, заедно со Пелистер и со Скопје. „Пелистерци“ го добија Силекс со 2-1 под „Тумбе кафе“, а Ренова го победи Скопје со 2-0, и го остави на самото дно.

На врвот одамна е се јасно. Шкендија по прославата на шампионската титула замина на гости кај Академија Пандев и си дозволи да ремизира (2-2), иако имаше два гола предност во текот на мечот. Вардар го забележа и третиот последователен пораз откако Бобан Бабунски е на клупата, губејќи го дербито против Работнички со 0-1.

На Чаир, Шкупи успеа да слави против Победа со 3-0. Ален Јашароски во 63.минута го доведе домашниот тим во водство, а Емре Чан во 76.минута го потврди триумфот. Во завршницата, Баже Илијоски постигна и трет погодок, како асоцијација за трите освоени бода. Победа постигна почесен гол преку Филип Најдовски во 87.минута.

Пелистер стигна до многу важна победа против Силекс (2-1). Борче Маневски во 16.минута го доведе битолскиот прволигаш во водство, но израмни Антонио Бујчевски во 30.минута, откако беше најснаодлив по корнерот од левата страна, Сепак, Благојче Коњарски во вториот дел донесе значаен триумф за „пелистерци“.

Ренова го совлада Скопје со 2-0 во пресметката за опстанок. Влатко Стојановски во 71.минута донесе водство за „гипсарите“, а Стефан Костов го постави конечниот епилог шест минути подоцна.

Шкендија е веќе шампион, па ремизираше (2-2) против Академија Пандев во Турново. Стенио Жуниор и Бесарт Ибраими донесоа водство од 0-2 за тетовци по дваесетина минути игра, но Академија Пандев не се предаде. Зоран Балдовалиев намали во 53.минута, а Јани Атанасов од пенал донесе реми во 64.минута од дуелот.

Работнички го совлада Вардар во соседското дерби со 0-1. Виктор Ангелов во 56.минута со вистински еврогол донесе важна победа за „романтичарите“.

ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0-1

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 2-2

ШКУПИ – ПОБЕДА 3-1

РЕНОВА – СКОПЈЕ 2-0

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС 2-1

Табела: Шкендија 76, Вардар 49, Силекс 45, Работнички 41, Ренова 37, Академија Пандев 36, Шкупи 36 (-1), Победа 29, Пелистер 28 (-1), Скопје 25.

Се вчитува...