Шкупи ќе дебитира во БИБЛ

Шкупи минатата сезона за првпат беше дел од елитното македонското кошаркарско друштво, за скопскиот клуб летово сериозно да влета во нов предизвик – учество во БИБЛ-лигата во сезоната 2018/19.

Само еден час откако објавија дека Кожув повторно ќе биде дел од ова „регионално друштво“, челниците на БИБЛ-лигата обелоденија дека постигнале договор и со клубот од скопската населба Чаир, за Шкупи да дебитира во едно регионално натпреварување.

Останува раководството на клубот да го засили играчкиот кадар со квалитетни домашни и странски кошаркари, за Шкупи да состави конкурентен тим за атак на висок пласман во БИБЛ.

Се вчитува...