Шкупи купи уште еден репрезентативец на Екваторијална Гвинеја

Македонскиот прволигаш Шкупи продолжува со ангажман на нови засилувања во овој зимски преоден рок. По Базилио Ндонг, во тимот од Чаир пристигна уште еден репрезентативец на Екваторијална Гвинеја. Се работи за Мариано Ондо, кој игра на десната странична позиција и може да одговори и како бек и како крилен играч.

Ондо има 19 години и потпиша договор на 3,5 години со Шкупи, а отштетата за него е вредна 30.000 евра. Тој веќе почна да тренира со тимот и тренерот Ардијан Нухиу очекува да биде големо засилување за пролетниот дел од првенството.

 

Се вчитува...