ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 20. КОЛО….
Кавадарци: ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР (1-0)
Љамчевски 89′
Струга: СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА (1-1)
Босанчиќ 84′ – Стојанов 59′
Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)
Воша 2′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (0-1)
Радески 67′
Струмица: АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (5-0)
Ѓорѓиев 5′, 11′, 29′, Ангелов 78′, Велиновски 84′
ВЧЕРА
Велес: БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 0-3
======================================================================================
- Крај на сите денешни натпревари од 20. коло во ПМФЛ. Убедлива победа на Академија Пандев, Тиквеш во последните минути дојде до триумф над Пелистер, а Струга ТЛ и Брегалница одиграа без победник во Струга.
- Триумф и на Македонија ЃП од 0-1 на гостувањето против Ренова во Тетово.
- Крај на натпреварот на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Шкупи победи со Работнички со голот на Марјан Радески.
ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР (1-0)
1-0 – 89′ – ГОООООЛ ЗА ТИКВЕШ. Љамчевски во самиот финиш носи предност за кавадарчани.
АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (5-0)
5-0 – 84′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Велиновски постигнува гол за веќе убедлив триумф на струмичани.
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА (1-1)
1-1 – 84′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Немања Босанчиќ со прекрасен гол од слободен удар го израмнува резултатот во Струга.
АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (4-0)
4-0 – 78′ – ГООООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Виктор Ангелов се запишува во листата на стрелците веќе за 4-0 за „пандевци“
ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР (0-0)
!!! – 69′ – Само осум минуту по неговото влегување во игра, Стојан Петковски заработува црвен картон и исклучување кај Тиквеш!
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (0-1)
0-1 – 67′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Одлична акција на Адетунџи проигрувајќи го Радески кој мајсторски стрела за водство на чаирчани
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА (0-1)
0-1 – 59′ – ГООООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Мартин Стојанов ги носи штипјани до водство на гостувањето во Струга
- Почеток на второто полувреме на натпреварите од 20. коло во ПМФЛ
- КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (0-0)
40′ – Одлична двојна акција на Георгиевски и Адетунџи, а Нигериецот убаво шутира од 16 метри но за малку покрај левиот дирек од голот на Работнички. Ова е и прва посериозна шанса на дерби-натпреварот!
АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (3-0)
3-0 – 29′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Најбрзиот хет-трик во македонскиот фудбал. Пепи Ѓоргиев за само 29 минути со три гола во Струмица, овој пат погодува од пенал за 3-0!
ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР (0-0)
!!! – Исклучување кај Пелистер. Антонио Глоире го заработува вториот жолт картон, па Пелистер останува со играч помалку.
АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (2-0)
2-0 – 11′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Втор гол на Пепи Ѓоргиев, за дуплирано водство на домашните фудбалери
АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (1-0)
1-0 – 5′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. И „пандевци“ брзо доаѓаат до водство со голот на засилувањето Пепи Ѓоргиев
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)
0-1 – 2′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Младинскиот репрезентативец Арби Воша експресно уште во 2. минута ги носи „лавовите“ до водство во Тетово
ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 20. КОЛО ВО ПМФЛ
-
-
- Познати составите за дерби-пресметката меѓу Работнички и Шкупи
-
======================================================================================
Во 20. коло од ПМФЛ, дербито се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје каде Работнички го пречекува лидерот Шкупи.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА