Шкупи одбра да биде домаќин во Гостивар, Победа во Скопје

Македонскиот прволигаш Шкупи своите натпревари во Првата лига привремено ќе ги игра во Гостивар. Со оглед дека теренот на Чаир не е подготвен за натпреварување во прволигашка конкуренција, раководството на Шкупи одлучи да биде домаќин надвор од Скопје, иако се разгледуваше можноста и за терените на ФФМ.

На 14 февруари, Шкупи ќе го пречека тимот на Академија Пандев во Гостивар, а најверојатно тоа ќе биде случај и за следниот меч против Шкендија на 18 февруари. По ова, Шкупи треба да му биде домаќин на 28 февруари, а се надева дека дотогаш ќе биде подготвен и теренот на стадионот Чаир.

Натпреварот, пак, меѓу Победа и Пелистер прилепчани ќе го играат на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје поради неможноста мечот да се игра на стадионот на Могила.

Се вчитува...