Шкупи победи на „тестот“ со Сумгаит

Шкупи денеска го одигра и вториот пријателски натпревар во Анталија. После поразот од 4-1 од Лех Познањ, денеска чаирскиот тим го совлада Сумгаит со 2-1.

Стрелци на головите за Шкупи беа Радески во 37. минута и Сандеј Адетунџи во 65. минута, откако претходно Сумгаит израмни.

Следен пријателски меч на Шкупи е со Черноморец од Украина на 26. јануари.

Се вчитува...