Шкупи подобар од Македонија ЃП на ’контролата’ во Охрид

Шкупи триумфираше над Македонија ЃП (2-0) на денешниот пријателски натпревар, одигран во Охрид. Екипата на Ардиан Нихуи беше подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено победи на мечот против „лавовите“.

Тимот од Чаир дојде до водство преку погодокот на старо-новото засилување, Седат Бериша, кој одлично ја искористи шансата од слободен удар на Муарем Бајрами. Стрелец на вториот погодок беше Бунјамин Шабани,а во второто полувреме стратегот на чаирчани им даде шанса на речиси сите фудбалери на екипата.

Следниот натпревар Шкупи го игра против Крупа од БиХ на 5-ти февруари, додека пак Македонија ЃП за два дена се среќава со тетовска Ренова.

Се вчитува...