Шкупи поразен на контролата против романски Херманштад

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкупи загуби со 0-2 од романскиот Херманштад во четвртиот натпревар од подготовките за новата сезона.

Откако одиграа одличен натпревар во мечот против турскиот гигант Фенербахче (2-2), избраниците на Гоце Седлоски денеска загубија од романскиот тим.

Претходно, чаирчани одиграа уште два пријателски натпревари, поразот од Тирана (0-2) и поразот од Балкани со истиот резултат.

Се вчитува...