Есенскиот првак Шкупи со 4-1 е поразен од Лех Познањ во првата контрола одиграна во Анталија. Полскиот тим на полувремето имаше предност од 2-0.
Тимот од Чаир го менуваше составот на полувремето, а Седлоски им даде шанса на поголемиот дел на фудбалери кои се на подготовките во Турција.
Лех во 34. минута дојде до водство преку Амарала, а четири минути подоцна Милиќ зголеми на 2-0. Во 54. минута Лех дојде и до 3-0 со гол на Мархвински, за во 69. минута Радески намали со гол со глава. Во 75. минута нов гол на Лех по ударот на Тиба, и по малку среќно откако топката се одби од еден играч и заврши во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА