Шкупи потпиша двегодишен договор со Марјан Радески (ФОТО)

Екипата на Шкупи се засили со македонскиот репрезентативец Марјан Радески за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Чаирчани носат големо засилување во нападот кој доаѓа од редовите на Академија Пандев каде настапуваше изминативе две сезони. Претходно во кариерата, 26-годишниот Радески има настапи и за Победа, Металург и Шкендија.

„За мене е огромна чест да играм за тим како Шкупи. Секој фудбалер би сакал да биде дел од амбициозен тим како Шкупи кој се бори за шампионската титула во Македонија. Се надевам дека ќе помогнам на моите нови соиграчи заедно да дојдеме до посакуваната цел во новата сезона, а тоа е секако битка за првото место. Ќе дадам се од себе за успесите на овој тим“ – истакна Радески по промоцијата во новиот дрес.

Радески потпиша двегодишен договор со Шкупи. На тимот се приклучува веднаш, па ќе биде и во комбинација за настап на реванш натпреварот против португалската Санта Клара во 2. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.

Се вчитува...