Шкупи ремизираше со Черноморец (ВИДЕО)

Екипата на Шкупи одигра нерешено 1-1 во дуелот со украински Черноморец во денешниот пријателски меч во Анталија.

Украинците во 22. минута погодија од пенал. Иако Кристијан Наумовски ја прочита намерата, сепак, за малку не успеа да одбрани.

Во вториот дел Шкупи одлично почна и тргна да го израмнува резултатот. Имаше две добри шанси, а потоа Марко Ѓорѓиевски стрелаше во противничката мрежа. Откако Шкупи украде една топка на средината на теренот, брз напад и Ѓорѓиевски беше прецизен.

Во финишот две добри шанси за Черноморец, но не го најдоа патот до голот, со што мечот заврши нерешено.

Видео од головите:

Се вчитува...