Шкупи се ослободи од Радески, Стоилов и Имери

Шкупи се ослободи од уште тројца свои фудбалери, екс-репрезентативците Марјан Радески и Ѓорѓи Стоилов, како и Омер Имери кој по позајмицата повторно се враќа во Турција.

Откако на крајот од сезоната се ослободи од шест фудбалери, Костадин Чешмеџиев, Абдул Руатубјае, Александар Ѓурковски, Фатјон Јусуфи, Марко Ѓорѓииевски и Ардит Иљази, чаирчани сега се одлучија на разделба и со Стоилов, Радески и Имери.

Што се однесува до новите фудбалери, Шкупи официјално досега го промовираше само Ангелче Тимовски, но со тимот веќе се и младинските репрезентативци Алекс Златков, Благоја Спиркоски, како и Антонио Каланоски, Кристијан Ацковски, Марио Ричков и Јамајканецот Реналдо Цепас, а пред промоција е и офанзивецот Пепи Георгиев.

Се вчитува...