Шкупи се раздели од Мбела

Стручниот штаб и фудбалерите на Шкупи се наоѓаат на заслужен одмор, а раководството на клубот веќе крои планови околу идните активности. Новиот спонзор ќе донесе финансиско освежување, се очекуваат и неколку засилувања, а во меѓувреме беше донесена одлука и за едно заминување од прволигашот од Чаир.

Станува збор за Емануел Мбела, францускиот голгетер кој важеше за еден од предводниците на тимот на Шкупи во првиот дел од сезоната, а кој од јануари повеќе нема да биде дел од чаирскиот прволигаш.

„Единствениот фудбалер што ќе си замине од нашите редови е Емануел Мбела. Сакаме да му се заблагодариме на овој фудбалер за неговиот придонес во настапите за нашиот клуб во изминатата година и да му посакаме среќа во натамошниот дел од кариерата“ – порачаа челниците на Шкупи.

По заминувањето на Мбела, јасно е дека ангажманот на нов квалитетен голгетер ќе биде еден од приоритетите на Шкупи во јануарскиот преоден рок.

Се вчитува...