Шкупи се раздели со двајца фудбалери: Кочоски во Струга ТЛ, Мустафа во Борец

Низ активностите за реконструкција на играчкиот кадар за новата натпреварувачка сезона, Шкупи се раздели со двајца досегашни свои фудбалери кои кариерата ја продолжуваат следната сезона во Втората македонска фудбалска лига.

Повремениот младински репрезентативец на Македонија, 21-годишниот Валентин Кочоски кариерата ја продолжува во Струга Трим Лум. Кочоски кој претходно настапуваше и за Академија Пандев, по Далчески, е ново засилување за стружани во обидите следната сезона да дојдат и местата кои водат во прволигашката конкуренција.

27-годишниот голман Бурхан Мустафа, пак, потпиша едногодишен договор со Борец Велес. Мустафа е поранешен чувар на мрежата и на Еуромилк ГЛ, Маџари, Дрита Боговиње и Милано Куманово.

Се вчитува...