Шкупи се спаси од пораз пред разиграната Брегалница во Штип, и Шкендија немоќна, победи на „лавовите“ и „романтичарите“ (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 1. КОЛО….

Прилеп: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА (0-0)

Тетово: РЕНОВА – СКОПЈЕ (1-1)

Селмани 73′ – Кировски 78′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ (1-0)

Ристевски 29′

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ (0-0)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (1-0)

Арби Воша 22′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ (20 ч.)

======================================================================================

  • Шкендија ремизираше без голови на гостувањето против Тиквеш во Прилеп, не успевајќи да го скрши отпорот на кавадарчани и покрај неколкуте сериозни можности.
  • Минимални победи на Македонија ЃП и на Работнички од 1-0 во пресметките против Пелистер односно Борец.
  • Крај и на натпреварот во Штип. Брегалница далеку подобра од Шкупи посебно во второто полувреме кога не реализираше неколку 100% шанси. Чаирчани кои во Штип допатуваа како фаворити, на крај може да бидат среќни со ремито без голови.
  • Крај на дуелот во Тетово. Ренова не успеа да слави против повратникот во Првата лига, екипата на Скопје.

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ (0-0)

88′ – Брегалница пропушта нова одлична шанса да дојде до водство и можеби триумф против Шкупи. Одлично нововлезениот Георгиев нафрли од лево, но Ѓокиќ на само неколку метри повторно прекраток.

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ (0-0)

78′ – Брегалница продолжува со одличната игра. Стојанов нафрли од десно, а пред голот на Шкупи, Ѓокиќ повторно со глава но повторно сантиметри покрај десниот дирек од гостинскиот гол

РЕНОВА – СКОПЈЕ (1-0)

1-1 – 78′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Кировски израмнува во Тетово, по одличното проигрување од десната страна.

РЕНОВА – СКОПЈЕ (1-0)

1-0 – 73′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Селмани носи водство за Ренова на дуелот во Тетово.

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ (0-0)

65′ – Нова 100% шанса за Брегалница. По мешаницата пред голот на Шкупи, на самата гол линија спасува гостинската одбрана

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ (0-0)

59′ – 100% шанса за Брегалница. Мартин Стојанов нафрли од корнер од левата страна, а Јован Манев највисок во скокот со глава сантиметри над гредата од противничкиот гол, и Шкупи повторно се спасува.

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ (0-0)

54′ – 100% шанса за Брегалница. Одлична акција по левата страна, Стојанов нафрли пред голот на Шкупи каде Ѓокиќ со глава само сантиметри покрај левиот дирек

  • Почеток на второто полувреме на петте натпревари од 1. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ (1-0)

1-0 – 29′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. По нафрлањето од слободен удар од левата страна, Александар Ристевски со глава на втор дирек прецизен за водство на „романтичарите“

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 22′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. По мешаницата пред голот на Пелистер, одлично се снаоѓа Арби Воша кој од 12 метри прецизно стрела за 1-0

  • Без многу возбудувања по првите 15 минути на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Ниту еден погодок на петте натпревари.

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ (0-0)

12′ – Прва посериозна шанса на мечот во Штип. Одлична акција на Брегалница, Манев од лево нафрли на вториот дирек пред голот на Шкупи, но за малку задоцни Додев

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 1. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Познати се составите за натпреварот меѓу Брегалница и Шкупи во Штип од 1. коло во ПМФЛ…

======================================================================================

Во 1. коло од ПМФЛ, фокусот на натпреварите на Шкендија и Шкупи кои се првите фаворити за освојување на шампионската титула сезонава. Јасно е дека, наспроти нив, има сериозна израмнетост меѓу најмалку пет екипи кои ќе се борат за останатите европски места.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...