Шкупи се засили и со Емре Чан Атила од Коњаспор (ФОТО)

Шкупи не застанува со засилувањата за пролетниот дел од шампионатот, денеска официјализирајќи го и трансферот на фудбалерот од средниот ред на турскиот прволигаш Коњаспор, Емре Чан Атила.

21-годишниот Емре Чан во Шкупи доаѓа на позајмица од Коњаспор до крајот на сезоната, со можност потоа договорот да биде продолжен.

Фудбалски потекнува од школата на Генчлербирлиги, а од 2015 година е во редовите на Коњаспор. Минатава полусезона за Коњаспор одигра само еден натпревар, а имаше 14 настапи и со еден постигнат гол како позајмен фудбалер на Анадолу Селсукспор.

Емре Чан е седмото засилување за Шкупи во овој трансфер период по Илијоски, Вујчиќ, Љамчевски, Броја, Базилио Ндонг и Марионо Ондо.

Се вчитува...