Шкупи славеше на тестот против Новаци во Охрид

Шкупи славеше со 2-0 (1-0) против второлигашот Новаци на вториот свој пријателски натпревар за време на зимскиот подготвителен период.

На тестот кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, прволигашот до предност дојде во првото полувреме со погодокот на Фатих Исмаили, а конечните 2-0 во второто полувреме ги постави Емануел Мбела.

Претходно, на првата контролна средба по стартот на подготовките, Шкупи пред една недела загуби од Ренова со 2-0.

Се вчитува...