Прволигашот Шкупи одигра без победник 1-1 против украински Лвов во контролен натпревар како дел од подготовките за вториот дел од сезоната во турска Анталија. Чаирчани може да жалат што не стигнаа до триумф бидејќи имаа водство до самиот финиш на натпреварот, откако Садик во 14. минута донесе предност од 1-0.
Сепак, во последните минути попушти концентрацијата и Украинците со гол во 95. минута успеаја да стигнат до реми. Шкупи натпреварот го стартуваше со следните 11: Наумовски, Глигоров, Исмаили, Илјази, Нето, Сенгор, Диак, Фреди, Бугазели, Адеми и Цветаноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА