Шкупи во финишот испушти победа против Фенербахче

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи одигра неверојатен натпревар против турскиот великан Фенербахче како дел од подготовките за квалификациите во Лигата на шампионите.

Чаирчани одиграа феноменален натпревар против големиот фаворит кој заврши без победник 2-2. Избраниците на Гоце Седлоски може да жалат што не стигнаа на овој меч и до полн плен бидејќи имаа водство од 1-2 се до 82. минута од натпреварот.

Адетунџи уште во 12. минута донесе водство за Шкупи од 0-1, а до крајот на првото полувреме Турците израмнија на 1-1 преку Линколн во 15. минута. На стартот на вториот дел Шкупи поведе со 1-2 во 46. минута, а конечните 2-2 беа поставени во 82. минута.

Се вчитува...