Шкупи загуби од Тирана на првиот тест во Турција

Актуелниот македонски првак Шкупи со пораз ги започна првите подготовки во Турција, откако загуби од Тирана со 0-2.

Албанскиот претставник одигра подобро во текот на целиот меч. По кратка пауза остануват уште два контролни натпревари, тимот на Гоце Седлоски ќе се сретне со великанот Фенербахче. Потоа следуваат два дена пауза, па нова средба, овојпат против Херманштат од Романија.

За потсетување, Линколн Ред Импс е противникот на Шкупи на почетокот од квалификациите за Лигата на шампионите.

Се вчитува...